| четврток, 6 декември 2018 |

Хет-трик на Розберг, беше доминантен и за ГН на Кина

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, оствари доминантна победа на патеката за ГН на Кина. Тој беше убедливо најбрз минувајќи ги предвидените 56 круга за време од 1:38.53.891 часа. Тоа е негова шеста последователна победа, а трета оваа сезона од исто толку трки.

Второто место му припадна на Себастијан Фетел на Ферари, а потоа на целта стигнаа двата болиди на Ред Бул, управувани од Данил Кват и Даниел Рикиардо.

Актуелниот првак Луис Хамилтон, кој се соочи со многу проблеми во Кина и стартуваше од опашката, на крајот се задоволи со седмото место и освои шест бода во генералниот пласман.

Следната трка се вози за ГН на Русија на 1.мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top