| четврток, 6 декември 2018 |

Почна плејофот во НБА лигата, драма во Атланта, Оклахома го демолираше Далас

Синоќа во НБА лигата почнаа натпреварите од плејофот кој ќе треба да го даде новиот шампион. На програмата беа четири натпревари по два од источната и западната конференција.

stef kari

Актуелниот шампион Голден стејт кој има импресивна сезона, без проблеми го победи тимот на Хјустон на домашен терен со 104-78 и поведе во првото коло со 1-0 во серијата подобар до четири триумфи.
Стеф Кари блескаше во првото полувреме и постигна 24 поени за нешто помалку од 20 минути игра. Тој потоа не влезе во игра поради тоа што го свитка скочниот зглоб, па тренерот Стив Кер не сакаше да ризикува со него со оглед на фактот дека и без него на паркетот, Вориорс буквално ги газеа Рокетс.

Клеј Томсон реализираше 16 поени, по 12 реализираа Спајтс и Грин. Кај Хјустон Џејмс Харден беше најефикасен со 17 поени, додека Двајт Хауард имаше 14 поени и 11 скока.

Оклахома истотака со огромна разлика го демолираше тимот на Далас нанесувајќи му тежок пораз од дури 38 разлика (108-70).

На Истокот веднаш на стартот се случи и првото изненадување. Торонто кој беше еден од подобрите тимови во регуларниот дел од сезона загуби на свој терен од Индијана со 90-100. Со тоа Индијана направи брејк и ја преземе предноста иако серијата започна во Торонто поради подобриот скор во регуларниот дел.

Драматична завршница имаше во Атланта, каде домашниот тим славеше со 102-101 против Бостон. Јунак на победата на Атланта беше Џеф Тиф, кој постигна 23 поени и имаше 12 асистенции. Тој на крајот успешно реализираше и слободни фрлања водејќи го тимот до победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top