| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатниот Рашфорд за три бода за Јунајтед, злато вредна победа на Њукасл (видео)

„Чудото од дете“ на Манчестер јунајтед Маркус Рашфорд, повторно е херој на „црвените ѓаволи“ во минималната победа од 1-0 на домашен терен против Астон Вила во 34. коло од Премиер лигата.

18-годишниот Рашфорд беше стрелец во 32. минута за Јунајтед, кој стигна до 16-та победа сезонава.

Рафаел Бенитез и Њукасл славеа многу значајна победа пред своите гледачи против Свонси, па сега имаат само три бода помалку, а и натпревар помалку од Норич, кој се наоѓа на првата позиција која обезбедува опстанок.

 

Премиерлига 34.коло, резултати:

Норвич – Сандерленд 0-3
Евертон – Саутемптон 1-1
Манчестер јунајтед – Астон вила 1-0
Њукасл – Свонси 3-0
ВБА – Вотфорд 0-1

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top