| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК денеска одлучува за распишувањето на предвремените избори

 Државната изборна комисија денеска во 13 часот ќе одржи седница на која треба да биде разгледано и усвоено Предлог-барањето податоци до Министерството за внатрешни работи согласно член 43 став 3 од Изборниот законик, како и Предлог-барањето податоци до Министерството за надворешни работи согласно член 38-а став 1,2,3 и 4 од Изборниот законик.

На седницата, како што соопшти ДИК, ќе се разгледаат и усвојат и Предлог-барањето податоци до Министерството за информатичко општество и администрација согласно член 32 став 1 од Изборниот законик на РМ, Јавниот повик до МНР за распишување предвремени парламентарни избори за пратеници во Собранието на РМ, Предлог – роковникот, како и Предлог – образецот барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебниот извод од избирачкиот список и предлог Образец- Пријава за гласање во ДКП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top