Англискиот премиерлигаш Манчестер сити ги договорил условите за ангажман на Илкај Гундоган од Борусија Дортмунд, објавија медиумите на Островот. Раководството на „граѓаните“ за 30 милиони фунти ова лето ќе го доведе одличниот играч за врска на „милионерите“, откако спортскиот директор на клубот, Чики Бегиристаин, веќе ги договорил и личните услови со фудбалерот.
Пеп Гвардиола, сегашниот тренер на Баерн Минхен, по завршувањето на сезоната ќе го преземе кормилото на Манчестер сити, а една од неговите желби беше и Гундоган да биде дел од составот на „граѓаните“. Раководството на клубот вложи максимални напори за да му ја исполни желбата и трансферот речиси сигурно ќе биде реализиран во летниот преоден рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.