| четврток, 6 декември 2018 |

Се разгорува битката меѓу ФИБА и Евролига, Словенија е прва за отстрел

Битката меѓу Евролигата и ФИБА Европа е подгината на повисоко ниво по одлуката словенечката кошаркарска репрезентација да биде исфрлена од Европското првенство во 2017 година.

slovenijaa

Европскиот огранок на светската кошаркарска федерација ФИБА упати официјално писмо до федерацијата на Словенија во кое е наведено дека репрезентацијата на таа земја нема да игра на Евробаскетот.

Причината за ваквата одлука лежи во тоа што Словенечката кошаркарска федерација отворено застана зад своите клубови во одлуката да настапуваат во Евролигата и Еврокупот.

Словенците може да се предомислат и имаат рок до 20.април да достават официјална потврда и документ со која ќе се оградат од своите клубови и нема да ја подржат нивната одлука.

ФИБА Европа доцна синоќа интервернирала и слични дописи упатила и до кошаркарските федерации на Шпанија, Турција, Србија и на останати земји чии клубови прифатиле да играат и одлучиле да играат следната сезона во Евролигата и Еврокупот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top