Откако најдобриот светски рекет Новак Ѓоковиќ по сензационалниот пораз во првото коло на мастерс-турнирот во Монте Карло ги заврши настапите, се отвори шанса во финалето да играат големите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Сепак во четвртфиналето на два чекора од репризата на финалето во Рим 2013 година, Французинот Жо Вилфред Цонга по голема борба и целосен пресврт славеше над швацарскиот ас и најдобар тенисер на сите времиња со 2-1 (3-6, 6-2, 7-5) во сетови.
Првиот сет го доби Федерер, но откако Цонга ја презема иницијативата и постојано вршеше притисок на сервис на противникот, францускиот тенисер со два брејка стигна до израмнување на 1-1 во сетови, а со брејк во последниот гем од третиот сет, стигна и до победата
Во полуфиналето популарниот „Мохамед Али“ ќе се сретне со неговиот сонардоник Гаел Монфис кој без проблеми славеше над Шпанецот Грањолерс со 2-0 (6-2, 6-4) во сетови.
Второто полуфнале го сочинуваат Рафаел Надал и Енди Мареј кои рутински стигнаа до победите над Станислас Вавринка односно Милош Раониќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.