Граѓанското движење за одбрана на Македонија и денес во 18:30 часот најавува граѓански собир кој треба да започне пред објектот „Станица“ како зборно место, а насобраните граѓани ќе се упатат пред седиштето на СДСМ.
Оттаму се очекува да се упатат пред Собранието на Република Македонија за да ја поздрават одлуката за негово распуштање, што ќе значи бетонирање на датумот за избори на 5 јуни.
Иницијативата на ГДОМ е за зачувување на институциите и мирот во државата како и дефинитивна одлука за избори како излез од кризата што ќе значи можност народот да одлучува.
Приврзаниците на ГДОМ остро се спротивставуваат на секаков обид за дестабилизација и насилство врз институциите какво во претходните денови демонстрираше СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ГДОМ Струмица: Господинот „чесен“ што нуди „живот“, Заев, да одговори на неколку прашања (видео)
-
ГРОМ: Заев да им се извини на македонските граѓани за дрските лаги дека во Македонија има 500.000 фантоми (видео)
-
Јовановски: Секој вистински Македонец треба со љубов да ја брани татковината
-
ГДОМ: Не може да се тргува со националните интереси поради личен интерес