Најбогатите луѓе на светот купуваат луксузно опремени бункери во Германија и во САД за да се осигураат во случај на голема криза. Поединци побарале да им се направат „сигурно соби“ во кои би можеле да се скријат.
Сите овие простории освен што се добро утврдени, опремени се со луксузен мебел и предмети.
Како што објаснува Роберт Вакино, директор на компанијата „Вивос“ која работи на опремување на бункерите клиентите најчесто сакаат просториите да бидат луксузно опремени како нивните јахти. Некаде дури има и базени.
– Во овие бункреи може да се живее една година и воопшто да не се излегува надвор. Луѓето ширум светот чувстуваат дека се наближува нешто што би можело да ги смени нашите животи. Милиони луѓе веруваат дека ова е катаклизмично време. Не може да се предвидиме кога нешто ќе се случи, но може да се подготовиме – изјавија од компанијата „Вивос“.
Во зависност од тоа како е опремена, цената на бункрерот се движи меѓу 35 илјади и три милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.