-Кога Јелена пееше во оваа кафена, Зоран на никого не му даваше да и пријде, не дај боже да и даде бакшиш и нарача песна. Во очите му се гледаше патолошка љубомора. Само седеше на неговата маса, без зборови и емоции и цело време зјапаше во неа- тврди вработен во една кафеана во Борча.
Соговорниците за српски Информер велат дека не го вперуваат прстот кон сопругот на Јелена како можен убиец, но тврдат дека нема никаква дилема дека тие двајца имале поприлично болен однос.
-На Зоран во очите му се гледаше болната љубомора. Беше опседнатсо Јелена. Му пречеше кога гостите и даваа бакшиш, кога пеат со неа или ке пријдат да нарачаат песна. На сите од секогаш ни беше антипатичен – раскажал врботен во кафеаната опишувајќи еден пример за тоа колку Зоран бил опседнат со Јелена:„ Една вечер дојде на нејзин настап одејќи со штаки. Седна сам на масата и како и секогаш цело време гледаше само во неа. Не знам што му била намерата но нам неговото однесување ни изгледаше како да доаѓа да ја контролира. Го прашав што сака да се напие но тој само замавна со рака воопшто не ме погледна. Цело време како во хипноза зјапаше во Јелена. Таа пее сите во кафеаната вести само тој молчи. Никогаш збор не кажа, верувајте ми. За разговор со други луѓе воопшто да не зборувам. Човекот беше целосно во некој свој свет. Ни беше чудно неговото однесување, но веруваме дека тој е уште еден љубоморен сопруг, но секогаш делуваше дека тука се крие уште нешто – велат работниците во кафеаната.
На изјавите на вработените во кафеана во Борча каде Јелена имала настапи се надоврзал и астрологот Душан Величковиќ кој решил доброволно да и помогне на истрагатаза убиството на Јелена.
-Ова е злостор од страст. Таа и сопругот постојано и многу се карале. Минатата година имаа голема криза во бракот и требаше да се разведат. Кога почнале да се забавуваат Јелена не беше некој кој многу ветува, меѓутоа, околностите во нејзиниот живот се сменија, а сопругот не можеше да го поднесе нејзиниот успех. Тој всушност се плашел од нејзиниот успех, затоа што мислеше дека ќе ја загуби. Таа беше во се подобра од него, а тој лажеше за време на сведочењето затоа што се плашеше дека ќе откријат дека имале големи проблеми во бракот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.