Гробници полни со женски останки пронашле инспекторите кои работат на случајот на рускиот сериски убиец Михаил Попков.
Сибирскиот ѕвер Михаил Попков, познат и по прекарот “врколак”, во затвор служи доживотна робија поради силување и убиство на 22 жени.
Инспекторите до новите сознанија дошле благодарение на самиот Попков, кој признал убиства кои инспекторите претходно не ги поврзувале со него, пишува Дејли мејл.
Полицијата стравува дека бројката би можела да биде и многу поголема, односно дека Попков би можел да го надмине и својот идол Андреј Чикатила, познат и како „Месарот од Ростов”, кој убил 53 лица.
Кога 51-годишниот Попков го уапсиле во 2012 година, серискиот убиец рекол дека сака да ги исчисти улиците на Ангарск од проститутки, а поранешниот полицаец своите жртви по силувањето ги масакрирал со секира и ножеви.
Со оглед на тоа дека работел како полицаец, жртвите на кои им нудел превоз во текот на вечерта му верувале, а тој откако влегувале во неговиот автомобил, ги носел во шумата каде ги убивал.
Полицијата верува дека Попков почнал со убивање кога во кантите за ѓубре покрај својот дом пронашол два кондома. Веднаш се посомневал дека неговата сопруга го изневерува, што било поттик за ѕверските убиства. Подоцна се воспоставило дека неговата сопруга нема никаква афера.
Извори блиски до полицијата тврдат дека Попков сега „пее како птица” и признава други убиства кои претходно не биле поврзани со него. Од полицијата засега не сакаат да ја откријат новата бројка на негови жртви, бидејќи долгата и исцрпувачка истрага сè уште трае.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Роналдо признал дека ја силувал Мајорга!
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Маж со месеци силувал тригодишно девојче