Кезујо Сејима, еден од најпознатите јапонски архитекти, дизајнираше необичен воз како дел од прославата на 100 години од постотење на една железничка компанија.
Надворешниот дел од возот е направен од исклучително рефлектирачки материјал што прави илузија на невидливост. Јапонскиот воз би требало да се најде на шините за неколку дена, а, најверојатно, во летото 2018 година.
Рефлектирачкиот материјал нуди илузија на невидливост бидејќи многу добро ја одвојува светлината од околината што може да предизвика да изгледа како подвижно огледало.
Секако, невидливиот воз претставува можен сигурносен проблем бидејќи и многу добро видливите возови знаат да им создадат проблеми на возачите на автомобили, кои, едноставно, „не ги гледаат“ што предизвикува тешки несреќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.