Претставата „Волшебен свет“ во продукција на Скопје танцовиот театар вечер ќе биде изведена во дансинг салата во Младинскиот културен центар (МКЦ), како дел од програмата на годинашниот „Танц-фест“.
„Волшебен свет“ се состои од три кратки кореографии на познатата музика „Chaconne in minor D“ од Ј. С. Бах, за кои свои верзии ќе дадат тројца млади кореографи.
Делата „Најди некого“ на Матеа Киселичка, „Нешто пропуштаме“ на Александра Кочовска-Начева и „Контрол фрик“ на Иван Ангелковски претставуваат современа визија на авторите, кои оформуваат сопствена приказна врз база на оваа музичка нумера на композиторот Ј. С. Бах.
Во претставата настапуваат членовите на Скопје танцовиот театар: Адријана Данчевска, Валентино Апостоловски, Александра Петрушевска, Јакуб Мунко, Дејан Битровски, Тринга Хуса, Јована Зајкова и гостионот од Кина Занг Венхаи. Костимите се на Благој Мицевски, асистент на претставата е Адријана Данчевска, а супервизор Рисима Рисимкин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.