По Лигата на Шампиони, познати се сите полуфиналисти и во Лига на Европа.
Најмногу внимание привлече реванш-дуелот меѓу Ливерпул и Борусија Дортмунд на „Енфилд“. Првиот натпревар во Германија заврши без победник, со резултат 1-1.
Вечерва гостинскиот тим беа на прагот на пласман во полуфиналето, но на крајот мораа да се помират со елиминација – Ливерпул од 1-3 со целосен пресврт стигнаа до победа од 4-3.
Во првите девет минути од натпреварот Дортмунд веќе имаа водство од 0-2. Мхитаријан во 5. минута го постигна првиот гол, додека Обамејанг четири минути подоцна беше прецизен за двојна предност на гостите.
На почетокот од второто полувреме Ориги намали на 1-2, по што следуваше ново затишје на „Енфилд“ кога во 57. минута Ројс постигна гол за високи 1-3, по што изгледаше дека е ставена точка на натпреварот.
Но, Ливерпул не мислеше така. Девет минути подоцна Кутињо намали на 2-3, а надежта целосно беше вратена по израмнувачкиот гол на Сако во 78. минута.
Неизвесноста траеше до самиот крај, кога во судиското продолжение Ловрен се најде на вистинското место по центаршутот на Милнер и создаде еуфорија на трибините на „Енфилд роуд“. Ливерпул победи со 4-3 и се пласираше во полуфиналето на Лига на Европа.
Голема борба се водеше и во Севиља, која првиот натпревар во Билбао го доби со 2-1, но Баскијците вечерва возвратија со иста мера, по што се играа продолженија. Во дополнителните 30 минути немаше погодок, па победникот мораше да се решава со пенали. Фудбалерите на Севиља беа поуспешни во ударите од белата точка и се пласираа во полуфиналето.
Виљареал со 4-2 славеше над Спарта Прага и со вкупни 6-3 се пласираше во 1/2-финалето.
Најубедлив вечерва беше Шахтјор, кој на домашен терен ја декласираше Брага со 4-0.
Лига на Европа, четвртфинале – реванш натпревари:
Ливерпул – Дортмунд 4-3 (првиот натпревар 1-1)
Севиља – Билбао 1-2 (2-1), на пенали 5-4
Шахтјор – Брага 4-0 (2-1)
Спарта Прага – Виљареал 2-4 (1-2)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)