| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ и Фенербахче го растурија европскиот шампион во вториот натпревар (видео)

fenerbahce-real-madrid-140416

Перо Антиќ и Фенербахче водат со 2-0 во четвртфиналната серија против Реал Мадрид (100-78), откако турскиот гигант продолжи со одличните игри во Евролигата.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ го растурија актуелниот европски шампион, целосно го искористи домашниот терен и со две победи предност продолжуваат во главниот град на Шпанија.

Натпреварот беше решен уште во првото полувреме, откако „сино-жолтите“ направија предност од 25 поени. Во еден момент во третата четвртина разликата домашната екипа имаше и над 30 поени предност. Реал беше надигран од Фенербахче во сите сегменти од играта, со подобар процент на шут, повеќе скокови и „втори“ напади, повеќе асистенции, украдени топки, многу помалку изгубени топки, како и многу повеќе расположени играчи за игра.

Перо Антиќ постигна девет поени и осум скокови, надополнети со две асистенции и една блокада. Тој поради пет лични грешки предвреме мораше да го заврши натпреварот. Екпе Удох со 18 поени беше најефикасен во редовите на Фенербахче. Калиниќ постигна 17, а Богдановиќ 16 поени.

Четвртфиналето во Евролигата се игра во три добиени натпревари. На Антиќ и Фенербахче им е потребна уште една победа за да го елиминираат актуелниот шампион и да се пласираат на фајналфор турнирот.

Во вториот натпревар вечерва, ЦСКА Москва ја совлада Црвена Звезда со минимални 77-76 и поведе со 2-0 во четвртфиналната серија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top