| четврток, 6 декември 2018 |

Заев во консултација со Црвенковски за уривање на државата

Насилства на протестите на СДСМ и СОРОС не се новина. Исто така и пристапот кон преземање на власта со уривање на државата.

branko-zaev-sobranie

Лично Зоран Заев на интервју за Алсат-М призна дека имал средба пред неколку дена со Бранко Црвенковски. Како рече, бил да се консултира, бидејќи “не знаел се и не се срамел да праша”.

Притоа порача дека во партијата ја имал поддршката од “бранковистите” и од членството кое беше блиско до претходното раководство на партијата. За време на интервјуто Заев посочи дека партијата пораснала за 9000 нови членови и тоа Албанци, што “го радувало како дете”.

protesti-2-620x294

Врската меѓу Заев и Црвенковски е долга. Заев беше партиски функционер во штабот на Црвенковски, потоа додека Црвенковски беше претседател на државата, го постави Заев за в.д. лидер, да му го чува местото, а Црвенковски го аболираше Заев за криминалот во случајот “Глобал”.

Pet-dokazi-deka-SDSM-podgotvuva-drzhaven-udar-1

Заев со Црвенковски исто како и сега го доведоа народот на раб на братоубинствен судир. Во ист обид СДСМ да ја превземе власта без избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top