| четврток, 6 декември 2018 |

Ниту сме дозволиле ниту ќе дозволиме, Македонија нема да падне на колена!

Не можат да разберат дека за нас Македонија е светост. За нас Македонија е се што имаме, ние не можеме да прифатиме да ја урнисаат и оцрнат Македонија, порача денеска Александар Пандов на мирниот протест предводен од ГДОМ

-Луѓето кои што на 200 метри од нас застанале пред храмот на демократија демек ќе се бореле за демократијата. Тоа се луѓе платеници, луѓе кои што за дебели пари од СОРОС од УСАИД се платени да ја урнисуваат Македонија, да ја плукаат и Македонија да ја паднат на колена. Ниту сме им дозволиле ниту ќе им дозволиме, рече Пандов.

pandov

Пандов подвлече дека ним треба да им биде јасно дека во Македонија ниту некој успеал ниту ќе успее по пат на сила да дојде на власт.

-Македонецот е писмен и ја знае политиката и ја разбира како таква. Единствен начин е со пенкало да дојде на власт. Ние сите сме тука за да искажеме поддршка на Владата на Република Македонија на претседателот, рече Пандов

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top