| четврток, 6 декември 2018 |

Помасовно, побројно: Протест на ГДОМ пред Црвениот крст

miting vmro pred sdsm 9 (Large)

Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) и денеска ќе го изрази своето незадоволство од одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да се аболицираат претседателот на СДСМ Зоран Заев и првообвинетиот во случајот „Пуч”, Зоран Верушевски, кои, според нив, со прислушувањето ја загрозиле безбедноста на државата.
Протестот ќе започне во 19 часот пред зградата на Црвениот крст. Организаторите очекуваат денешниот протест да биде помасовен од вчерашниот, на кој пред насобраните граѓани се обратија Тони Михајковски, Александар Пандов и Братислав Димитров.

-Се собравме да им кажеме дека е доста. Господинот Заев два пати аболициран, тој може хет-трик да направи, може и трет пат да го аболицираат. Какво време дојде криминалците зборуваат за чесност, оние кои убиваа зборуваат за невисноста, тие кои ја распродадоа државата зборуваат за зборуваат дека сакаат да ја сочуваат. Е затоа нема да им дозволиме, ќе ја одбраниме оваа земја. Да престанат да се аболицираат оние кои заслужуваат да завршат во затвор затоа што тие го почнаа државниот удар,тие се тие што кои сакаат да го продадат името, посочува Михајловски.

-Зоран Заев и Зоран Верушевски се двајцата главни актери за ова. Тие се крвници на Република Македонија, тие се луѓе кои си ја продале душата за долари, луѓе кои не бираат средства како да дојдат на власт. Сакаат исто сценарио од 2001-ва. Нивниот обид сега е да ставиме рака меѓу себе, Македонци меѓу Македонци да се тепаме- вели Пандов.

– Македонија ќе ја преживее и оваа голема несреќа која е во ликот и делото на македонската опозиција, нагласи Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top