Во овој тематски парк посетителите можат да доживеат многу библиски искуства, вклучувајќи го и воскреснувањето на Исус, но и да видат како изгледала арката на Ное.
Во “Дизниленд” се Мики и Мини, во Магичниот свет е Хари Потер, а аргентинската Света земја го има Исус Христос.
Ова е прв тематски парк со религиозна тема во кој Исус воскреснува на секој час.
Покрај христијанските цркви, има и џамии и синагоги, а тука можете да видите и статуи од главните религиски личности во природна големени, вклучувајќи ги и Мајка Тереза и папата Јован Павле Втори. Покрај минијатурната тајна вечера, главна атракција во паркот е статуата од распнатиот Христос, висока 12 метри.
Творците на паркот се обиделе да оживеат многу библиски искуства, па така во 20-минутната претстава “Генеза”, Адам и Ева зборуваат за настанувањето на универзумот.
“Арката на Ное, Работилницата на Галилеј и Столарската работилница на Јосиф се идеален избор за децата”, пишува на веб страната на забавниот парк.
Паркот бил отворен уште пред 15 години, кога Хорхе Марио Бергољо, а сега папата Франциско, бил локален архиепископ, но дури последните години привлекува голем број на посетители, од кои многумина се воодушевени од необичниот концепт на овој забавен парк, пишува Дејли меил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Прва сезнација на фудбалското СП: Аргентина ремизираше со Исланд, Меси промаши пенал
-
Се наближува големиот празник: Утре е Велика Среда, денот кога Јуда го извршил предавството
-
Икарди нема да биде во тимот на Аргентина на Светсткото во Русија