| четврток, 6 декември 2018 |

Бизарно откритие: Јелена исечена од сите семејни фотографии

На голем број од фотографиите кои се пронајдени во домот на семејството Марјановиќ, убиената пејачка Јелена Марјановиќ или исечена или искинат делот каде е таа, пренесуваат медиумите.

zoran-marjanovic-jelena-krsmanovic-foto-printscreen-1460361624-883967

Извор на истрагата за открил за медиумите: „На поголем број на  фотографиите кои ги најдовме во семејниот дом на Марјановиќ  делот каде била Јелена или е исечен или искинат. Освен тоа, разговаравме и со неколку угостители кај кои Јелена пеела, а Зоран  бил нејзина придружба. Некои од нив ни кажаа дека тие често се расправале и дека дури и гостите тоа можеле да го забележат“.

kuca-marjanovica-ubijena-pevacica-jelena-krsmanovic-forenzicari-pretraga-fo-1460635829-886315

Во меѓувреме се огласи и свекорот на Јелена кој  по претресот  од страна на форензичарите во нивната  куќа во Борча заминале со тепих и неколку црни кеси: „Зема што сакаа, ние немаме поим што земаа. Тие нас ни прават претрес, додека убиецот се шета по Белград со чеканот со кој ја убил“.

Vladimir-Marjanovic-620x350

 

Мајката на Јелена  пристигнала во куќата на Марјановиќ и заедно со полицијата и двете сосетки кои биле во својство на сведоци влегла во куќата додека траел претресот.

Полицијата почна и со исушување на каналот на местото каде е пронајдено телото на  убиената пејачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top