| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвездите со емотивни говори се простија од Коби, Џек Николсон размислува и тој да се пензионира (видео)

kobi i shek

Легендата на НБА-лигата, Коби Брајант стави точка на својата играчка кариера. На величенствен начин синоќа кажа збогум.

Од спортската икона се збогуваа и неговите поранешни соиграчи, тренери и противници, кои во чест на Црната Mамба снимија видеопорака, која беше пуштена пред почетокот на синоќешниот меч. Сето тоа водено од легендарниот Шекил О’Нил, а на крајот заокружено и со пораката од славниот холивудски актер и голем навивач на ЛА Лејкерс, Џек Николсон…

– Коби, можеби, е време и јас да се пензионирам заедно со тебе, не сум сигурен… Но, знам дека јас и моето семејство уживавме со тебе и твојата кошарка секоја божја минута. Ти беше инспирација за нас. Ти благодариме, ЛА те сака – рече Николсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top