| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ со секири против македонската полиција (ВИДЕО)

Откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев најави крваво украинско сценарио, тоа синоќа почнаа на дело да го спроведуваат членовите на СДСМ и активистите на СОРОС.

sekira-640x360

Во медиумите излезе видео на кое се гледа како активист на СДСМ од Штип се заканува кон полицијата со секира. Потоа полицијата беше нападната и беа оштетени неколку објекти во центарот на градот Скопје.

Дека се работи за активист на СДСМ доволно говорат фотографиите на социјалните мрежи на кои е сликан во штабот на СДСМ и со Зоран Заев и со Оливер Спасовски. Веќе станаа секојдневие фотографиите на лидерот на СДСм и генералниот секретар со докажани насилници и криминалци. Токму овие луѓе зад превезот на граѓански активисти насилно протестираат во Скопје, напаѓаат полицајци, кршат, ограбуваат и уништуваат објекти.

sekira-1-360x360

sekira-3-640x360

sekira-2-352x640

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top