| четврток, 6 декември 2018 |

Голден стејт го сруши рекордот на Чикаго, големиот Мајкл Џордан веднаш честиташе (видео)

stef kari

Генерацијата на Стефон Кари и другарите кои заедно настапуваат во Голден стејт на последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната испиша историја рушејќи го рекордот на Мајкл Џордан и Чикаго од само десет порази на 82 натпревари.
Актуелниот шампион успеа на домашен терен да слави висока победа над Мемфис од 125-105 што беше печат на регуларниот дел од оваа сезона, воедно и најава дека Голден стејт повторно е главен фаворит за титулата. Со 73-те победи, тимот предводен од Стеф Кари го урна рекордот на Чикаго булс од генерацијата 1995/96.

Веднаш по уривањето на ова остварување, еден од првите кои испрати честитка за големиот рекорд беше токму лидерот на таа генерација на булси, неповторливиот Мајкл Џордан.

– Им честитам на сите во Голден стејт вориорс на остварениот рекорд. Кошарката секогаш еволуира, а рекордите постојат за да бидат урнати. Беше многу интересно да ги гледам вориорси и едвај чекам да почне плејофот за да продолжам да ги следам нивните настапи – порача најдобриот кошаркар на сите времиња.

golden stejt

Стеф Кари исто така влезе во историјата на играта со тоа што стигна до бројката од 400 тројки сезонава. Му беа потребни осум тројки за да дојде до оваа бројка, а тој постигна дури 10 од 19 обиди и натпреварот го заврши со 46 поени.

НБА резултати:

Бостон – Мајами 98-88
Бруклин – Торонто 96-103
Шарлот – Орландо 117-103
Чикаго – Филаделфија 115-105
Кливленд – Детроит 110-112
Далас – Сан Антонио 91-96
Хјустон – Сакраменто 116-81
Милвоки – Индијана 92-97
Минесота – Њу Орлеанс 144-109
Вашингтон – Атланта 109-98
ЛА Лејкерс – Јута 101-96
Феникс – ЛА Клиперс 114-105
Портланд – Денвер 107-99

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top