| четврток, 6 декември 2018 |

Продадена косовската клиника што го снабдуваше црниот пазар со органи

medikusКлиниката „Медикус“ на Косово, во која според обвиненијата за илегалната трговија со органи во Приштина, се одвивале илегални трансплантации на органи, била продадена минатата есен. Сопственикот Љутфи Дервиши, еден од обвинетите за трговија со органи, ја продал бидејќи не можел да плаќа данок и сметки за струја.

всушност, продажбата е обелоденета откако обвинителот на ЕУЛЕКС Џонатан Рател наложи на ЕУЛЕКС надѕор на клиниката во близина на Приштина поради информации дека во зградата се забележани нови активности. Бил сменет натписот од „Медикус“ во „Медицинска клиника“, а постојат сомнежи дека еден или двајца лекари од порано познати на ЕУЛЕКС престојувале на клиниката.

Истражителите ја затворија приватната клиника во 2008 година, во рамки на прелиминарната истрага. Зградата е запленета врз основа на судски налог, а на Дервиши му е забрането да влегува во објектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top