Во сабота, 16 април 2016 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“, ремек дело на балетската класика. „Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека главните улоги ќе ги толкуваат: Во улогата на Одета/Одилија ќе настапи Марија Кичевска Шокаровска, а улогата на Принцот Зигфрид, ќе ја толкува Бобан Ковачевски. Ротбарт, му е доверена на гостинот од Бугарија, Дојчин Дочев. Па де труа: Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева и Игор Веланоски.
Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Бисера Чадловска.
Настапува комплетниот балетски ансамбл на МОБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.