Енрико Лета е мандатарот за составување на нова влада на Италија. Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано го назначи заменик-претседателот на левоценстристичката Демократска партија, 46-годишниот политичар, поранешен државен секретар на Министерскиот совет, по консултациите со политичките партии и парламентарните фракции за надминување на кризната ситуација по изборите на 24 и 25 февруари.
Лета е внук на долгогодишниот шеф на кабинетот на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, Џани Лета.
Заменик-претседател на Демократската партија, која го освои првото место на предвремените избори, кои не дадоа убедлив победник, се смета за умерен политичар, прифатлив и за конзервативците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Донесена одлука за почеток на јавната расправа за уставните измени
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Владата донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за 27 април