| четврток, 6 декември 2018 |

Се огласи и Владо Георгиев:Се радувам што ќе станам татко, но не се женам!

владо

Владо Георгиев важи за еден од најпосакуваните ергени на српската естрада. Пред неколку недели српските медиуми објавија дека тој ќе стане татко. Тој не се огласи по повод оваа тема, но во емисијата 150 минути прв пат проговори за родителството, но и бракот.

-Ќе ја задржам титулата на ерген, бидејќи нема да се женам. Се подготвувам и радувам што ќе станам татко. Мислам дека тоа требаше да го напрвам порано, но што е тука е. Не се плашам од родителството. Не би сакал да имам размазено дете кое ќе вршти во ресторан. Но мислам дека тоа е до самите родители. Ако владее хармонија во домот и децата ќе бидат такви- рекол Герогиев.

Тој додал дека се уште не го знаат полот на бебето, но дека тоа и не е важно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top