Тоа што на некој актуелен европски шампион не му успеало, да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите се случува и оваа сезона во најелитното фудбалско натпреварување, бидејќи Барселона која до вечерва беше бранител на титулата, потона во Мадрид и загуби со 2-0 од Атлетико на „Висенте Калдерон“.
Повторно херој за „јорганџиите“ како многу пати оваа сезона беше францускиот репрезентативец Антоан Гризман кој со два гола го продолжи европскиот сон на навивачите на својот тим.
По триумфот на првата средба на каталонскиот тим од 2-1, Атлетико Мадрид овој пат носен на крилјата на Гризман стигна до триумфот од 2-0 за елиминација на големиот фаворит. Французинот првиот гол го постигна во 36. минута, за да извонредната вечер на „Висенте Калдерон“ ја заокружи со голот од пенал во 88. минута, откако претходно Андрес Иниеста играше со рака во својот шеснаесетник.
Барса во финишот притисна, Лионел Меси имаше обид од слободен удар во 92. минута, но не успеа да постигне погодок за продолжение.
Со овој натпревар се комплетирани екипите кои ќе играат во полуфиналето. Покрај Атлетико од вчера таму се веќе и Реал Мадрид и Манчестер Сити, а вечерва успеа да се пласира и Баерн Минхен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)