Баварскиот гигант Баерн Минхен рутински го одработи реваншот од четврфиналето во Лигата на шампионите во Лисабон против домашната Бенфика, одигрувајќи нерешено 2-2.
Во првиот натпревар во Минхен, баварците победија минимално со 1-0 и со тој резултат се пласираа во полуфиналето.
Бенфика на домашен терен покажа дека знае да игра фудбал и не случајно и покрај минималниот пораз на „Алијанц арена“ можеа да се надеваат на нешто повеќе.
Бенфика прва дојде до водство со голот на Хименез во 27. минута и со тоа ја анулираше предност од првиот меч, сепак Баварците преку Видал во 38. минута брзо дојдоа до израмнување. Сето тоа беше навестување за пресвртот на Баерн кој дојде до водство преку Милер во 52. минута.
Бенфика единствено што успеа е преку нововлезениот Талиска во 77. минута со еврогол од слободен удар да дојде до реми, колку без пораз да ја заврши европската одисеја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)