| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос на улиците, повреден фоторепортер- хулигани дивеат низ Скопје (ФОТО+ВИДЕО)

Уредникот на фотографија во весникот Вечер, Наќе Батев е повреден во вечерашните насилни протести пред Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија.

nakje

Батев е повреден во глава извршувајќи ја својата професионална задача, во моментот кога насилните демонстранти се судрија со полицијата да го пробијат полицискиот кордон.

Преврзан е и префрлен на Ургентниот центар во Скопје, каде во моментов му ги санираат повредите на главата. Последните информации говорат дека се кршат прозорците и вратите на Министерството за правда, во центарот на Скопје.

Целосно е демолирана Народната канцеларија на Претседателот на РМ, а по упадот на демонстрантите во приземниот кат во Министерството за правда, интервенираше полициската единица ЕБР, при што има и уапсени насилни демонстранти кои го предводеле упадот во Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top