Сосема очекувано, Шкендија и Работнички ќе играат во финалето од годинашниот Куп на Македонија, откако славеа и на реванш пресметките во полуфиналните дуели против Хоризонт Турново, односно Брегалница.

На пресметката на „Филип Втори“, Работнички славеше со 3-0 против Брегалница, па по оние први 1-1 од Кочани, со вкупни 4-1 стигна до своето трето едноподруго финале во најмасовното домашно клупско натпреварување.
Расположен кај „романтичарите“ беше Марјан Алтипармаковски кој беше стрелец на првите два гола, во 21. минута и во 59. минута, а во 85. минута погоди и Елиф Елмаз, со прекрасен удар, за конечни 3-0.

На дуелот во Тетово, пак, Шкендија по онаа победа од 0-2 во Турново, и по вторпат дојде до триумф против Хоризонт, овој пат со 2-1. Јуфо од пенал во 45. минута донесе водство за тетовци. Во 56. минута, исто така со удар од белата точка, израмни Филип Тимов на спротивната страна, за да конечно новиот триумф на Шкендија го донесе Ндерим Неџипи во 58. минута од натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


