| четврток, 6 декември 2018 |

Еве како мажот на убиената Јелена го учи синот да пука од пиштол (видео)

Зоран Марјановиќ, мажот на убиената пејачка Јелена, пред неколку години поставил на „Јутјуб“ снимка од тогаш 13-годишниот син У.М. како го учи да пука.

На снимката Марјановиќ своето дете од првиот брак го бодри додека малиот пука од пиштол во импровизирана сала за пукање. По неколку минути заедно го гледаат успехот од пукањето.

Ваквите детали само ги подгреваат озборувањата за вмешаноста на сопругот на Јелена во нејзиното убиство, иако сè уште нема цврсти докази за тоа.

Инаку, неговиот син У.М., исто така, е сослушан во полиција во врска со убиството на неговата маќеа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top