| четврток, 6 декември 2018 |

Грижлива мајка или лакома жена:Џабе го криеш богатството, ќе те оставам на улица!

miki

Ново продолжение од сагата Мирослав Илиќ и Мирјана Антоновиќ. Војната меѓу нив продолжува. Овојпат на удар е богатството на Мирослав.

-Само парите ти се важни. Се плашиш бидејќи знаеш дека Девин ти е син- му порачала Мирјана на Мирослав, за кој тврди дека е татко на нејзиниот вонбрачен син.

Пејачот наводно во страв дека непризнаениот син ќе му земе пари, целиот имот го препишал на сопругата и законитите деца.

-Мирослав и неговата госпоѓа знаат дека Девин е негов син, за нив не е потребен ДНК доказ. Уште еднаш покажаа какви луѓе се и колку ниско паѓаат. Во животот им се важни само парите. Очигледно дека им е страв дека судот и финансиски ќе ги допре кога ќе биде донесена пресуда во корист на Девин, па се обидуваат да го сокријат имотот -рекла Мирјана Антоновиќ

Мирослав пак вели дека не се плаши од ништо.

-Па дали сте вие нормални?Немам што да кажам, сите приказни се глупости. Пишувајте за што сакате, од ништо не се плашам-рекол Мирослав Илиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top