На македонско – грчката граница повторно има немири меѓу македонската полиција и емигрантите. За прв пат интервенираше и грчката полиција, која се постави меѓу оградата и бегалците. Ситуацијата се смири, а грчките полицајци се обидоа да ги вратат во кампот, јавува репортерот на Вечер од Идомени.
Раздвиженоста на бегалците во кампот започнала откако се раширила веста за посетата на тројцата претседатели, на Македонија, на Хратска и на Словенија, Ѓорге Иванов, Колинда Грабар-Китаровиќ и Барут Пахо, но поради безбедносни причини по преопорака на МВР конвојот на претседателите бил вратен во кампот.
Откако се оддалечиле претседателите група од околу 300 мигранти почнале да ја тегнат оградата на македонско-грчката граница за да можат да ја скинат и да влезат во Македонија. Македонската полиција фрли шок-бомби и солзавец кон нив за да ја растури толпата.
За прв пат интервенирала и грчката полиција, која се поставила меѓу оградата и бегалците. Ситуацијата е под контрола иако група од над сто бегалци продолжила десно од котата 59 кон најблискиот рид.
Групата што го почнала протестот се претпоставува дека е составена од емигранти од Авганистан и од Мароко.
Во близина на кампот за бегалци пак во Идомени уапсена е Германка откако грчката полиција го ограничи присуството на активисти во областа.
Полицијата соопшти дека жената е уапсена поради носење хемиски спреј што се користи за одбрана, таканаречен „пепер спреј“. Полицијата исто така постави блокади на патот кон дивиот камп.
Полициски патроли денеска спроведуваат проверки меѓу различни улични продавачи во областа.
Последните два дена по немирите во неделата во Идомени беше мирно, без протести и судири со полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра