| четврток, 6 декември 2018 |

Детали од животот на Јелена: заедно со свекрвата им помагала на луѓето, но била дрска и непријатна кога и се додворувале

Трагично страданата пејачка Јелена Крсмановиќ заедно со свекрвата Зорица Марјановиќ им помагала на луѓето кои доаѓале во нивниот дом во Борча од сите краишта во Србија.

jelena

Свекрвата на Јелена е доста позната исцелителка која со бионергија им помагала на луѓето кои кај неа доаѓале поради најразлични проблеми. Нивната куќа секогаш беше полна, а покојната пејачка заедно со мајката на својот сопруг мирот го барала во црковниот дел од куќата.

zoran-jelena-620x350

-Јелена често престојуваше во тој дел од куќата, тоа и годеше. Често се молее. Таа стравуваше за својата иднина и живот затоа што постојано добиваше двосмислени пораки на социјалните мрежи. Беше многу убава, но и дрска и ладна и не дозволуваше да и се додворуваат. често пати беше непријатна кон мажите кои се обидуваа да дојдат во контакт со неа, а  беше дури ладна и кога други мажи ќе и поделеа најобичен комплимент – раскажал близок пријател на семејството Марјановиќ.

Свекрвата на Јелан им помогнала на голем број познати личности помеѓу кои е и водителот Дејан Пантелиќ.

tv (1)

-Тоа е едно прекрасно семејство кое на мене многу ми помогна. Ги познавам повеќе од 20 години. Зорица е прекрасна жена полна со добрина и желба да им помага на луѓето – кажал Пантелиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top