| четврток, 6 декември 2018 |

Загина пешак на магистралниот пат Штип-Радовиш

На магистралниот пат Штип-Радовиш во близина на местото „Девети километар“ синоќа во сообраќајна несреќа  животот го загубил 45 годишниот Мухарем Р..

Мухарем преминувајќи го пеш магистралниот пат налетал на автомобил марка „Фиат Темпра“ со штипски регистерски таблички, а кој бил управуван од 48 годишниот Б.Г жител на штипското село Лакавица.

Портпаролот ан СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека на местото на несреќата веднаш пристигнала Брзата помош, но Мухарем Р. на патот кон Клиничка болница-Штип им подлегнал на повредите.

Увид на местото на несреќата извршил дежурен Јавен обвинител, како и екипа на крим техника на штипската полиција. Резултатот од извршениот алко тест на возачот бил негативен. Телото на починатиот пешак е дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top