Кристијано Роналдо постигна три гола при триумфот над Волфсбург, оној третиот од слободен удар од дваесетина метри. Португалецот пред себе го имаше живиот ѕид и стрелаше милиметарски прецизно, протнувајќи ја топката токму во оној мал простор што се создаде меѓу Гулавогуи и Налдо поради обидот на дефанзивецот со глава да ја отстрани опасноста.
Мајсторија или среќа, како и да е, Роналдо стигна до петтиот хет-трик во ЛШ во својата кариера, а што е уште поважно, Реал Мадрид повторно е во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)