| четврток, 6 декември 2018 |

Големо славје во Манчестер, Сити за првпат се пласираше во полуфиналето на ЛШ (видео)

По големите вложувања во последните сезони во тимот на Манчестер Сити, конечно навивачите на „граѓаните“ можат да слават голем успех во историјата на клубот бидејќи за првпат се пласираа во едно полуфинале од Лигата на шампионите.
Во двомечот против ПСЖ во кој и двата тима ја гледаа шансата за пласманот меѓу четирите најдобри екипи на стариот континент, подобар излезе синиот тим од Манчестер кој откако успеа да не загуби во Париз одигрувајќи 2-2, на реваншот на „Етихад“ стигна до минимална победа од 1-0 и со тоа го направи историскиот успех.

Тренерот на Сити, Мануел Пелегрини се реши за формација со засилен среден ред во дефанзива, па така Фернандо доби предност во однос на Јаја Туре, со што беше изразена желбата на домаќините да ги затворат приодите кон сопствениот гол. Тоа им овозможи на „граѓаните“ да н им дозволат на гостите да влезат во нивниот препознатлив ритам, па Сити ја имаше најдобрата шанса и во првото полувреме, откако Агуеро беше соборен во шеснаесетникот, но резултатот остана 0-0 откако Аргентинецот не го реализираше пеналот што самиот реши да го изведе.

Ибрахимовиќ два пати се закани од слободни удари, Харт беше на висина на задачата, а улогата на херој уште еднаш му припадна на Кевин де Бруин. Белгиецот одлично прифати топка на дваесетина метри од противничкиот гол и велемајсторски ја пласираше во долниот агол на Трап, носејќи голем триумф за историја на Манчестер сити. Гостите имаа одлична шанса да израмнат преку Кавани, но Харт го одбрани обидот на Уругваецот, осигурувајќи ја победата на својот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top