| четврток, 6 декември 2018 |

Јанко Божовиќ повторно назад во тимот на Металург

janko bozovic

Јанко Божовиќ повторно е дел од Металург откако одличниот десен бек повторно му се стави на располагање на тренерот Лино Червар пред разигрувањето за титулата во македонскиот шампионат. Божовиќ беше главен адут на Червар при настапите на Металург во Лигата на шампионите, а „бомбардерот“ последните два месеци ги мина на позајмица во катарскиот Ал Рајан.

Како што беше претходно договорено, тој се врати во Металург непосредно пред стартот на клучниот дел од сезонава, па денеска се појави на тренингот на „металурзите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top