Челси има предноство трката за ангажман на колумбискиот напаѓач во Атлетико Мадрид Радамел Фалкао, откако Роман Абрамович дал сигнал да се доведе на „Стемфорд бриџ“. Лондонскиот клуб е подготвен да плати 55 милиони евра за сума што ја бара Атлетико Мадрид, но како проблем досега се наметнуваше барањето на Фалкао за плата од 200.000 фунти неделно.
Раководството на англискиот гигант се обидуваше да ја намали оваа сума, но откако ПСЖ и Манчестер јунајтед се вклучија како сериозни ривали во трката по Фалкао, Абрамович одлучи да не ризикува. Така, одличниот напаѓач ќе има плата од 200.000 фунти неделно, но и огромни бонуси за секој освоен трофеј, а „сините“ се надеваат дека Фалкао ќе се прикаже во далеку подобро издание од последното скапо засилување за нападот, Фернандо Торес.
Се шпекулира дека токму Торес би можел да биде понуден на Атлетико како обид за да се намали сумата што шпанскиот клуб ќе ја бара за Фалкао, трансфер што би претставувал враќање на шпанскиот репрезентативен напаѓач на „Висенте Калдерон“. Во пакетот за размена на играчи меѓу Атлетико и Челси можно е да биде и голманот Тибо Куртоа. Тој има статус на позајмен играч од Челси во Атлетико, а мадридскиот клуб сака тој да остане во клубот. Преговорите ќе бидат интензивирани во следните неколку седмици, бидејќи Челси се надева да го осигура потписот на Фалкао веќе во мај, за да не ризикува потоа цената на Колумбиецот да скокне за време на летниот преоден рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


