| четврток, 6 декември 2018 |

Горан Пандев со шокантна изјава, откри кој го убедувал да не игра за Македонија!

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев денеска пред Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, официјално го потврди скандалот, за кој изминативе денови „шушкаше“ домашната фудбалска јавност, а поврзан со поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз и членот на УО, Серафим Димовски.

goran pandev

На седницата на УО на ФФМ на која се разгледуваше разрешувањето на Серафим Димовски од раководното тело на Фудбалската федерација, всушност Пандев ја открива вистината за неговото заминување. Тој заедно со Јонуз, непосредно пред неодамнешниот собир на репрезентацијата, во Џенова го убедувал Пандев да не се враќа во националниот дрес. Сето тоа е повеќе од шокантно за капитенот на македонската репрезентација, кој, како што самиот вели во изјавата, официјално заведена во записникот од денешниот состанок, не може и не смее тоа да го сокрие од домашната јавност…

– Нема што да кријам, таа е вистината. Во Џенова ме посетија членот на Управен одбор на ФФМ, Серафим Димовски и поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз. Сакаа да разговараат со мене за македонскиот фудбал. Нормално, јас немам против никој да дојде тука, посебно кога се работи за фудбалски лица. Напротив. Но, бев изненаден околу темите за кои разговараа. Побараа од мене да не играм за македонската репрезентација – вели Пандев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top