Свекорот на брутално убиената ѕвезда на „Гранд“, Јелена Марјановиќ, Владимир Марјановиќ изјавил дека во медиумите се пласираат само лаги и дека е создадена атмосфера на линч против неговиот син и против неговото семејство.

-Создадоа атмосфера на линч по што ние буквално не смееме на улица да излезме. Дали е Зоран убиецот, дали Јана го видела убиството и таквите работи кои се пишуваат се чиста лага – изјавил Владимир и додал дека ангажирал адвокат за секоја лага која е објавена.

Тој го поставил и прашњето за морален кодекс на новинарите.
-Само лаги се пласираат. За нас се пишува сѐ најлошо. Долеваат масло на оган. Сите тие знаат дека Зоран е невин и дека преживува најтешки моменти во животот, а пишуваат грозни работи и манипулираат со народот – додал Владимир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


