| четврток, 6 декември 2018 |

Впечатокот на Германија за Хрватска: Толку многу фашизам на толку мала територија

На фрацуско-германскиот канал за култура Арте пред неколку дена беше прикажан документарниотфилм “Rechts, zwo, drei- Driftet Europa ab?” (Десно, два три, ти се врти ли, Европо, десно?“.

Иакоовој канал нема голема гледаност, многу е влијателен во нтелектуалните кругови, а токму заклучоците по емитувањето ги пренедуваат многу европски медиуми.

Во документарецот се обработува засилувањето на десницата и се толкува популарноста на Националниот форнт на мари ле Пен во Франција, на Пегида и АФД во Германија, на Јобика во Унгарија и на конзервативната ПИС во Полска. Но, последниот половина час од документарниот филм ѝ е посветена на Хрватска, која во контекст на растото на фашизмот сее опишана како „помалку позната загриувачка приказна“ за порастот на екстремизмот.

njemackidokumentaracYT

Во сцените од Хрватска доминираат снимки направени на 5 август лани, на кои се гледатолпа луѓе со крената рака кои извикуваат „За дом спремни“. Авторите на документарецот поминале во многу хрватски краеви и се зачудени од количеството усташки обележја по улиците и по бројот на деца индоктринирани со усташтво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top