| четврток, 6 декември 2018 |

Убиството на Јелена сее страв (Видео)

Jelena-Marjanovic-Krsmanovic-Slobodan-Gajic-620x350

Додека трае истрагата за мистериозното убиство на српската пејачка Јелена Марјановиќ, жителите на местото каде е најдено телото живеат во страв од тоа дека убиецот сѐ уште се шета на слобода.

Медиумите го пренесуваат Слободан Гајиќ, еден од локалните жители, кој верува дека е невозможно Јелена да е убиена тука, туку дека телото е донесено и оставено по убиството.

-Дури и куче да е убиено тука, ќе имаше траги, а не пак човек. Сѐ ми е премногу сомнително, мислам дека Јелена е убиена на друго место, а телото е донесено тука- вели тој за медиумите.

Потерата за убиецот трае веќе десетина денови, а полицијата сѐ уште нема цврсти докази за апсење на убиецот. Сепак, главен осомничен засега е нејзиниот сопруг, чии што изјави биле полни со нелогичности.

Уште еден осомничен кој се поврзува со убиството, Небојша Ројко, човек со дебело полициско досие, кој вчера беше депортиран од БиХ во Србија заради истрагата, денеска е пуштен откако минал низ полиграфските истраги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top