Во Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне ќе биде одбележана дваесетгодишнината од излегувањето на списанието за уметност „СУМ” од Штип.
За почетоците и развојот на ова списание ќе зборуваат академик Милан Ѓурчинов и главниот и одговорен уредник Трајче Кацаров. На средбата со свои песни, по повод јубилејот ќе настапат 20 истакнати македонски поети од сите генерации. Програмата ќе ја води артистот Страшо Милошевски.
Списанието „СУМ” го издава Центарот за културна иницијатива од Штип.
Во изминатите 20 години „СУМ” даде значаен прилог во книжевниот живот кај нас, вбројувајќи се, заедно со Македонскиот книжевен гласник „Синтези”, „Житие” и „Стожер”, меѓу најзначајните периодични публикации во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


