| четврток, 6 декември 2018 |

Најубавото езеро на светот е само за гледање

Езерото во Бакстон во Велка Британија изгледа преубаво и привлечно, но всушност е многу опасно и отровно. Водата во него има пХ на избелувач, што може да предизвика сериозни опшетувања на кожата.
Станува збор за стар рудник на вар, а преубавата сина боја доаѓа од навлегувањето на хемикалии од варовникот во водата.

ezero sino Bakston
И покрај предупредувањата, поради привлечниот изглед, некои луѓе не престануваат да се капат во него. Езерото некогаш било обоено во црна боја за да ги одврати непослушните капачи, но денеска повторно е сино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top