Македонскиот фудбалски репрезентативец Агим Ибраими се соочува со суспензија од словенечкиот клуб Марибор поради напуштање на карантинот во пресрет на натпреварот со Домжале. Но, вистинската причина за тоа се навредите што спортскиот директор на клубот Златко Заховиќ, ги упатил кон Ибраими.
Ибраими во словенечките медиуми ги објави и СМС – пораките од комуникацијата со Заховиќ, каде јасно се забележува навредливиот однос на спортскиот директор кон него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.