| четврток, 6 декември 2018 |

Претставата „Набуко“ од Верди во МОБ

Македонската опера и балет вечерва ќе ја изведе популарната претстава „Набуко“ на Џузeпе Верди на која ќе настапи домашна солистичка екипа и еден гостин.

Главните улоги ќе ги толкуваат: Ристе Велков, насловната улога, Павлина Новакова-Георгиев, улогата на Абигаила, Никола Стојчевски ќе настапи како Исмаел, Фенена ќе ја толкува Николина Јаневска, додека улогата на Захарие му е доверена на гостинот од Србија, Драгољуб Бајиќ.

Во останатите улоги ќе настапат, Диме Петров, Марија Наумовска и Зоран Даскаловски. Диригент е Иван Еминовиќ.

„Набуко“ е едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top