| четврток, 6 декември 2018 |

Руни одигра 60 минути за младинците и е во комбинација за утрешниот натпревар против Вест Хем

vejn runi

Манчестер јунајтед ќе биде значително засилен за финишот од натпреварувачката сезона откако Вејн Руни го имаше својот камбек на терените по повредата, настапувајќи 60 минути за младинскиот тим на јунајтед против младинците на Мидлсборо.

Луј ван Гал и неговиот асистент Рајан Гигс беа присутни на стадионот следејќи го настапот на голгетерот, кој ги издржа без проблеми напорите и сега е во комбинација за настап на четвртфиналниот натпревар од ФА Купот против Вест хем што е на програмата утре вечер.

Руни повреда на коленото повеќе од два месеци беше „во аут“, но иако постоеја стравувања дека би можел да го пропушти и финишот од сезонава, тој сепак ќе биде во можност да им помогне на соиграчите во битката за четвртото место кое значи и пласман во квалификациите за ЛШ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top