
Тензиите во Франција не се смирија ниту откако парламентот го усвои законот за бракови на лица од ист пол, а полицијата повторно се судри со група насилни демонстранти и употреби солзавец.
Како и изминатата недела, така и оваа, француското општество максимално се подели по прашањето за бракови на лица од ист пол. Еден полицаец е повреден во главата, додека гневните демонстранти фрлаа петарди, шишиња и камења.
Пратениците на францускиот долен дом од парламентот вчера попладне го усвоија законот за бракови на хомосексуалците, а веднаш потоа тензиите пораснаа и во парламентот и на улиците, каде што протестираа илјадници луѓе.
Веднаш по изгласувањето, пратениците на десничарската партија почнаа постапка за оспорување на одлуката пред Уставниот суд, кој пресудата ќе ја донесе во рок од еден месец,
Од друга страна пак, Владата е целосно убедена дека жалбата на опозицијата ќе биде отфрлена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


